Вонредна временска прогноза

Утре повторно не очекуваат пролетни температури среде зима. Времето ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност.

Ќе дува слаб, а долж Повардарието ќе достигне и до умерен југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од еден до пет, а дневната од 14 до 19 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе е спушти до три, а дневната ќе достигне до 17 степени.

Во среда ќе настапи поголемо наоблачување кое ќе биде со повремени врнежи од дожд. Од четврток следува благо спуштање на дневните температури, а од петок и на утринските. До следниот викенд температурите ќе бидат во благ раст.

Лекарите преупредуваат дека вонредно високите темпертури создаваат можност за развивање на вируси. 

10.02.2014 - 21:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега