Извозот во Романија достигна историски максимум

 

Податоците на Националниот институт покажуваат дека извозот на Романија во 2013 година достигна историски максимум. Вредноста на извозот на Романија минатата година изнесувал 49,56 милијарди евра. Увозот изнесувал 55,2 милијарди евра.

Во споредба со 2012 година извозот се зголемил за 9,1 отсто, а увозот за 0,2 отсто.

Како резултат на тоа трговскиот дефицит се намалил минатата година за 41,3 отсто во споредба со 2012 година до 5,7 милијарди евра.

Романија извезла во 2013 година во државите во ЕУ производи во износ од 34,5 милијарди евра, а увезла стоки од Унијата за 41,86 милијарди евра.

Речиси 70 отсто од извозот на Романија бил наменет за држави од ЕУ. Околу 76 отсто од увозот на Романија е од држави од Унијата. 

10.02.2014 - 20:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега