Барак Обама и Бијонсе се во врска?!?
Францускиот папарацо Паскал Ростен тврди дека американскиот претседател Барак Обама и пејачката Бијонсе се во врска.
Тој за радио Јуроп 1 изјави дека утре „Вашингтон пост“ ќе објави за љубовната врска меѓу Обама и Бијонсе.
- Во САД се случува нешто неверојатно. Утре „Вашингтон пост“ ќе објави за наводната врска меѓу Обама и Бијонсе, наведе Ростен, еден од водечките папараци во Франција.
Ростен е автор на првите фотографии за врската меѓу Сесилија Саркози и бизнисменот Ришар Атиас, кога таа се уште беше сопруга на Никола Саркози, кога беше министер и на првите фотографии на незаконската ќерка на францускиот претседател Франсоа Митеран, Мазарин, кои се појавија во 1994 година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа