Неколку скопски општини утре ќе останат без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје соопшти дека водоснабдувањето  ќе биде во прекин за корисниците од населбата и селото Драчево, селата Студеничани, Моране, Зелениково и населба Орешани утре од 9.30 до 15 часот.

Во наведениот период од денот, ЈП Водовод и канализација ќе менува затворачи во пумпните станици  Драчево и село Моране кои поради интервенцијата нема да работат.

10.02.2014 - 18:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега