Заврши сезоната за Оташевиќ

Во вчерашното финале во кое тимот на МЗТ успеа да триумфира во Купот на Македонија со тешка повредата се здоби Никола Оташевиќ, кој во финишот од средбата во обидот да дојде до една топка ги скина предните вкрстени лигаменти на коленото.

Повреда која не е нималку наивна и која бара подолг период на рехабилитација. Тоа значи дека оваа сезона е завршена за плејмејкерот кој сезонава успеа да се избори за своето место во ротацијата на МЗТ.

10.02.2014 - 16:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега