Се продава списанието „Форбс“

За купување на бизнис групата „Форбс медиа“, издавач на списанието „Форбс“, заинтересирани се кинеската корпорација „Фосун интернешенел“, фондот „Спајс глобал инвестментс“ од Сингапур и германската издавачка куќа „Аксел Спрингер“, која по лиценца го издава списанието во Русија. 

Рокот за прием на понуди од потенцијалните купувачи истекува денеска, а списанието „Форбс“ е проценето на 400 милиони долари.

За собирање на понудите на заинтересираните инвеститори задолжени се консултанти на „Дојче банк“.

Списанието „Форбс“, познато по правење листи на најбогати луѓе во светот, веќе неколку години бележи пад на профитот, по забрзаниот развој на дигиталните медиуми и намалување на приходите од реклами.

10.02.2014 - 15:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега