Штипјанец убил сограѓанин - си заработи 13 години затвор

Штипјанец ќе помине 13 години во затвор поради убиство на свој сограѓанин. Се работи за 42-годишниот Кирчо Мицов кој го убил сојот 46-годишен сограѓанин, Стоиле Максимов.

Мицов делото го сторил со умисла ноќта меѓу 6 и 7 мај 2013 година. Тој убиството  го извршил со удар со тврд предмет. Телото на Максимов во неговиот стан беше пронајдено по пет дена, откако соседите и неговиот татко ја аламирале полицијата насилно да влезат во станот во штипската населба 8 Ноември, јави МИА.

Бранителот, Драган Гаџов истакна дека пресудата ќе биде обжалена, а како што рече  била незаконска, бидејќи била донесена без докази дека токму Мицов го извршил делото.

10.02.2014 - 14:50
Фото: 
Кичево.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега