Цариниците минатата недела со полни раце работа - еве што запленија

Во текот на изминатата недела цариниците биле со полни раце работа. Царината заплени сребрен накит, муниција за автоматско оружје, домашна ракија, текстилни производи, хартиени тапети и фалсификати.

На Богородица биле запленети 95 сребрени синџирчиња, со вкупна маса од 200 грама сокриени во автмобил со турски регистерски ознаки. Вредноста на сребрените синџирчиња е проценета на околу 37 илјади денари.

Биле запленети и 70 куршуми за автоматско оружје, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на патничко моторно возило со македонски регистарски таблички, управувано од македонски државјанин, пријавено за влез во државата на граничниот премин Богородица. Тие муницијата ја криеле во фабричките празнини на багажниот простор на возилото.

Цариниците откриле и обид за шверц на домашна ракија, при контрола на патничко моторно возило со македонски регистарски, извршена на патниот правец Катланово-Петровец. На седиштата на возилото, управувано од македонски државјанин, пронајдени се 24 пластични канистри со домашна ракија, чија вредност е проценета на 96 илјади денари.

Биле запленети и 33 парчиња облека на Богородица при контрола на патничко моторно возило со кое управувал грчки државјанин, 15 машки јакни, откриени на царинската испостава Блаце-патнички промет, при контрола на товарно возило со македонски регистарски таблички, управувано од македонски државјанин.

Исто така, минатата недела на патниот правец Куманово-Крива Паланка бил спречен и обид за шверц на тапети, како и 5 мобилни телефони со ознаки на заштитени трговски марки, откриени на царинската испостава Пошта Скопје, при контрола на 2 пратки, едната од Швајцарија а другата од Сингапур, наменети за примачи од Битола и Кичево.

10.02.2014 - 12:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа