Советување за „Можни спорови во врска со искористувањето на ИПАРД фондовите“

Судии и советници од Вишиот управен суд, од Управниот суд, од одделите за трговски спорови и граѓанските оддели на судовите од сите апелациски подрачја, претставници на Државното правобранителство на РM и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, денеска учествуваат на советување на тема „Можни спорови во врска со искористувањето на ИПАРД фондовите“.

Според сиректорката на Академијата за судии и јавни обвинители Анета Арнаудовска советувањето е со цел да се запознаат судиите со статусот и надлежноста на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, но и со легислативата на Европската унија и домашната хармонизирана легислатива во поглед на користењето на предпристапните фондови-ИПА, поконкретно петата компонената ИПАРД.

- Ова е значајно со цел да се пресретнат идните евентуални случаи и спорови кои што може да се јават при примена на овие прописи, бидејќи во праксата може да се јават и управни спорови, граѓански спорови, a кривична постапка може да се поведе и за злоупотреба на одобрените средства, рече Арнаудовска. Додаде дека досега има неколку спорови.

Според директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Тони Димовски, се работи за презентирање на искуства како Агенција, но исто така и искуствата на судиите во насока на натамошно дорегулирање на оваа материја преку националното законодавство, во контекс на преземените обврски на Република Македонија преку спогодбите кои ги има склучено со ЕУ кои се однесуваат на регулирање на оваа материја.

Денеска беше потпишан и меморандум за соработка со кој се потврдува заедничката заложба на двете институции да дадат свој придонес за зајакнување на капацитетите на македонското судство.

10.02.2014 - 11:50
Фото: 
Фактор.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа