Отворање на Центарот за полициска соработка меѓу Македонија и Албанија
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и нејзиниот албански колега Фламур Нока, денеска на граничниот премин „Ќафасан“ ќе го пуштат во работа контакт центарот за полициска соработка меѓу полициите на двете земји.
Предвидено е да биде потпишан и Меморандум за соработка меѓу секторите за внатрешна контрола на двете министерства.
Министрите Јанкулоска и Нока ќе го пуштат во употреба и локалниот граничен премин Џепиште –Требеишта.