Топол но врнежлив ден

 

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, наместа проследен со грмежи и засилен ветер. Повеќе услови за врнежи ќе има во западните и северозападните делови од земјава. Во попладневните часови облачноста ќе почне да се намалува. Преку денот ќе дува умерен југоисточен ветер, а во североисточниот и во источниот дел во земјава повремено ветерот ќе се засилува.

Утринската температура ќе се движи од осум до 13, а дневната од 23 до 30 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремен краткотраен дожд. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе се искачи до 28 степени.

Во наредните денови ќе преовладува претежно стабилно, суво и топло време. 

 

најчитано сега