Супер-мајка: Скокнала пред автомобил за да го спаси животот на синот (ФОТО)

Приказната за Тони Мекулоу со брзина на светлината започна да се шири на социјалните мрежи, откако оваа супер мајка од Мексико скокнала пред автомобил за да си го спаси синот.

Ккао што пренесуваат светските медиуми, Тони и нејзиното синче стоеле на улица кога 43-годишниот Скот Нолс загубил контрола над воланот и тргнал дирекно кон нив. Супер-мајката, како што ја нарекуваат многумина, брзо реагирала, го турнала синот и буквално скокнала пред автомобилот за да го спаси неговиот живот. 

- Беше страшно. Сепак, и во таква ситуација проработува мајчиниот инстинкт, вели Тони која моментално се наоѓа во болница.

Иако возачот избегал од местото на несреќата, сепак полицијата го пронашла. Тој признал дека тој ден возел под дејство на алкохол, за што ќе сноси последици.

10.02.2014 - 09:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега