Грчката полиција заплени 500 килограми марихуана- уапсени 4 лица

Грчката полиција успеа да спречи шверц со албанска марихуана.

Во близина на Игуменица полицијата запленила 500 килограми марихуана и уапсила четири лица од кои двајца Албанци и двајца Грци.

Според полицијата дрогата била пронајдена во моторен чамец.

Еден од уапсените нарко-дилери, Роберт Гердуќи и бил познат на полицијата. Во 1998 година тој бил осуден за убиство. Полицијата трага по 35-годишен жител на јужниот албански град Саранда.

Акцијата почнала од кај каналот кај островот Крф, каде полицијата го забележала чамецот. Тој бил следен до грчкиот брег, кај месноста Валто, кога шверцерите почнале да ги растоварат 19 торби со марихуана и веднаш интервенирала.

09.02.2014 - 14:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега