Што направи Стрезовски во Ресен во изминатата година?

Градоначалникот на општина Ресен, Ѓоко Стрезовски денеска даде отчет за сработеното во првата година од неговиот мандат.

- Водејќи се од мотото, дека општината треба да биде сервис на граѓаните и дека секогаш треба да биде во функција на континуирано креирање услови за одржлив развој на локалната заедница, како и создавање поквалитетно живеење на граѓаните, принципот на транспарентност и отчетност во работата на општината го прифатив како неминовен предуслов за успешно остварување на локалните политики, како и можност за директно запознавање на јавноста со сработеното од страна на локалната власт, рече Стрезовски.

Во изминатите десетина месеци, рече Стрезовски, општина Ресен започна енергична и исклучително активна општинска политика, секогаш имајќи ги во предвид потребите и желбите на граѓаните за подобар и поквалитетен живот.

- За овој кус временски период успеавме да реализираме над 70 отсто од проектите во Изборната програма, а дополнително реализиравме или започнавме со реализација на уште четириесетина проекти кои не беа опфатени во Програмата, рече Стрезовски.

Како најзначајни реализирани проекти ги посочи асфалтирањето на дел од магистралниот патен правец М5, како и локалните патишта кон селата Дрмени-Лавци, Подмочани, почетокот на градбата на пристаништето во Стење, пронаоѓањето стратешки инвеститор за градба на откупно-дистрибутивен центар во Макази, изградбата на лабораторија за мониторниг на водите на Преспанското Езеро,.

09.02.2014 - 13:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа