ЗОИ: Австриецот Мајер го освои златото на олимпискиот спуст

Австрискиот скијач Матијас Мајер е победникот на олимпискиот спуст на ЗОИ во Сочи, кој успеа да го освои златниот медал со време од 2:06.23 минути. Сребрениот медал му припадна на Италијанецот Кристоф Инерхофер со заостанување од шест стотинки зад победникот, а бронзата ја освои Норвежанецот Кјетил Јансруд.

„Лудница, ова е најголемиот резултат што може да го оствари еден спортист. Пресреќен сум, кога сте на врвот, тоа е некое посебно чувство. Имав добри резултати и на тренинзите и знаев дека ќе извозам добра спуст трка. Сепак, не ни сонував дека ќе станам олимписки шампион“, изјави победникот Матијас Мајер.

Победата на Австриецот Мајер секако е сензација, ако се знае дека тој досега нема ниту еден триумф во трка од Светскиот куп во алпско скијање.

09.02.2014 - 11:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега