Непристојна понуда- порнографски сајт и нуди на Валери Триервејлер да селектира порно филмови

Француските медиуми пренесуваат дека поранешната прва дама на Франција Валери Триервејлер добила непристојна понуда од порнографскиот сајт Јупорн кој и понудил да биде амбасадорка на сајтот и портпарол од Франција. Во соопштението на сајтот се вели дека платата на Валери ќе биде половина милион долари годишно а нејзината работа би се состоела од правење избор на содржините на сајтот на Европејците во рамки со “нивните порнографски навики”.

Наводно сајтот сакал да му ја понуди оваа работа на Оланд, но бидејќи тој е зафатен со водењето на државата тие се одлучиле за Валери бидејќи е новинарка но и поради тоа што сега е слободна и ќе има повеќе време да му се посвети на сајтот.

09.02.2014 - 11:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега