Трагедија во Атина- загина момче при судир со мотоциклист

Едно лице загина, а друго е сериозно повредено при судир на двајца мотоциклисти на трка на поранешниот атински аеродром Елиникон.

Според очевидци, на 19-годишен мотоциклист кој ја завршил трката со голема брзина налетал мотоцикл управуван од 23-годишен натпреварувач. 

Локалната сообраќајна полиција повела истрага дали организаторите на трката ги преземале сите неопходни безбедносни мерки. Според агенцијата, трката се одржувала без одобрение од сообраќајната полиција. 

09.02.2014 - 11:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа