Учениците од Данска ќе ги обележуваат со жолти ленти за да можат да пијат алкохол

Како што информираше чешката полиција, дански ученици и студенти, кои деновиве за време на зимскиот распуст ќе престојуваат во Прага, ќе бидат „обележани“ со жолти ленти на рацете доколку се полнолетни за да можат да пијат алкохол.

 

Ваквите мерки се неопходни поради серијата инциденти кои се случија минатата година, кога малолетни туристи од  Данска неконтролирано се опиваа и демолираа голем дел од мотелите во кои беа сместени.

Се очекува неделава во чешката метропола организирано преку туристички агенции да пристигнат околу 6.000 ученици и студенти кои во чешката метропола ги привлекуваат ниските цени на аранжманите и евтиното пиво.

 

- Доколку данските туристи предизвикаат инцидент, ќе бидат одведени на одредено место каде ќе бидат на располагање и дански полицајци, кои ќе преземат мерки согласно нивните закони, додаде портпаролот на чешката полиција Томаш Хулан.

09.02.2014 - 10:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега