Антивладините демонстранти протестираат против новиот закон за интернет во Турција

Илјадници демонстранти против новиот закон за контрола на интернетот се судрија синоќа со полицијата во близина на плоштадот Таксим во Истанбул и побараа оставка од премиерот Реџеп Тајип Ердоган.

Антивладините демонстранти поставија барикади во близина на плоштадот и се судрија со полицијата, фрлајќи камења и запалливи материјали на што полицијата одговори со употреба на водени топови, солзавец и гумени куршуми.

Барикадите биле поставени на улица меѓу две болници при што еден фоторепортер бил повреден, а голем број банкомати се искршени.

Во четвртокот турскиот Парламент изгласа измени во законот за интернет, со кои власта може за неколку часа да блокира веб страници без судска наредба. За да стапи во сила овој закон треба да биде потпишан и од претседателот Абдула Ѓул.

Опозицијата смета дека со новите мерки Владата се обидува да ги спречи дискусиите за корупцискиот скандал кој ја зафати земјата.

ЕУ упати критики до Турција поради заострување на контролата врз интернетот и побара преразгледување на измените, а Анкара да се придржува кон европските стандарди.

09.02.2014 - 10:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега