Голема снежна бура во Јапонија- 11 лица загинати а 1.250 повредени

Најмалку 11 лица загинаа, а околу 1.250 се повредени во најголемата снежна бура која ја зафати Јапонија во последните две децении.

Повеќе од 20.000 семејства останале без електрична енергија, а откажани се и 300 авионски летови.

Во Токио до синоќа паднале 27 сантиметри снег, што според метеоролозите е највисоката снежна покривка во последните 45 години.

Во североисточниот дел од земјата, во градот Сендаи, наврнале 35 сантиметри снег, рекордни во последните 78 години.

Метеоролозите предвидуваат дека и денеска ќе паѓа снег во северните делови од државата.

09.02.2014 - 10:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега