Ќе грми за Стевчо Јакимовски - ова ќе биде кандидатот за претседател на ГРОМ
Професорот Зоран Поповски најеројатно ќе биде кандидатот за претседател од партијата ГРОМ на Стевчо Јакимовски. Како што јавува Канал 5, Поповски се очкува утре да ја добие поддршката на Централниот одбор на ГРОМ.
Поповски важи за еден од најблиските соработници на Јакимовски. Во својата политичка биографија Поповски има мандат како државен секретар во Министерството за образование кога со Владата раководеше СДСМ.
Во претседателската трка свое учество најави Атојанче Ангелов а процедурата за собирање потписи ја започна и професорката Билјана Ванковска.
ВМРО-ДПМНЕ најави дека својот кандидат ќе го избере на партиската конвенција која ја закажа за 1 март. Како што се ближи конвенцијата се повеќе шанси има актуелниот претседател Ѓорѓе Иванов да добие шанса за нов мандат, додека професорот Јове Кекеновски речи си и да нема шанси да ја добие довербата на повеќе од 1000 делегати на ВМРО-ДПМНЕ.
Во СДСМ владее молк околу името на кандидатот за претседател. Се споменува името на Стево Пендаровски но според неофицијалните информации, тој не сакал да влезе во битка која е тешко да се добие.
Во албанскиот политчки блок исто така владее неизвесност. ДУИ полека се помирува со фактот дека не поминува идејата за консензуален претседател, па најверојатно ќе излезе со самостоен кандидат. За ДПА, претседателските избори се неважн, па оттука, не се дали патијата ќе излезе со свој кандидат или ќе поддржи некој од веќе предложените.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа