Државјанин на Косово спаси детенце од давење

 Триесет и осум годишниот Косовец, Хекуран Красниќи е херој на денот во германскиот град Баден Витенберг, откако му го спасил животот на едно дете, кое за малку ќе се удавело.

Без никакво двоумење Красниќи се фрлил во половина замрзнатото езеро за да му го спаси животот на детето.

- Тригодишното дете си играло на езерото, кое половина било замрзнато. За несреќа дел од мразот се скршил и тоа паднало во езерската вода. Ниту еден од многуте насобрани луѓе немал храброст да се фрли и да го спаси детето, единствено Хекуран Красниќи имал смелост да изреагира во тие драматични мигови, пишуваат германските медиуми.

- Никој не сакаше да влезе, сите ги чекаа пожарникарите кои беа повикани за помош. Мајката на детето вознемирена стоеше покрај брегот и постојано викаше некој да помогне. Не можев а да не интервенирам, изјавил Красниќи за германските медиуми.

Со тежок напор стигнал до детето, кое го држел со едната рака а со едната пливал. Детето со медицинско возило веднаш било пренесено во болница заедно со неговата мајка.

- Сега е се во ред и јас сум многу среќен што детето е здраво и живо. И јас имам две деца и можам да замислам каква тага имаше неговата мајка гледајќи го синчето во замрзнатото езеро, истакнал Красниќи

08.02.2014 - 19:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа