Камења летале на сите страни: Педесеттина момчиња се тепале сред Охрид

Педесеттина млади лица денеска околу 14 часот крвнички се степале во центарот на Охрид, во непосредна близина на градското пристаниште.

Според неофицијалните информаци на А1 Он, тепачката настанала меѓу членови на навивачките групи Куманово и МЗТ Скопје.

Очевидците за А1Он раскажале дека тепачката била жестока, летале камења, но, за среќа полицијата навреме интервенирала и спречила поголем инцидент.

Од охридската полиција го потврдиле инцидентот и информирале дека засега се приведени десетина лица од двете страни и се работи на нивна идентификација и на утврдување на причините за инцидентот. Штета претрпеле и неколку возила кои се наоѓале во непосредната близина на инцидентот.

Сличен инцидент меѓу две навивачки групи се случил и синоќа во Охрид. Полицијата привела неколку лица. 

Деновиве во Охридсе одржува кошаркарскиот Куп на Македонија.

08.02.2014 - 15:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега