Уште една скопјанка почина од грип

74 годишна скопјанка починала од грип (инфлуенца А) на Клиниката за инфективни болести. Ова е трета жртва на грипот во текот на оваа сезона.

Докторот Илир Демири од Инфективната клиника информира дека скопјанката била интензивно лекувана на нивната клиника, откако бил потврден грип и масивна бронхопневмонија. Пациентката во последните 24 часа била приклучена на апарат за механичка вентилација.

Според Демири, третманот со тамифлу бил неуспешен поради тешката здравствена состојба, дополнително компликувана од други хронични болести - на белите дробови, хипертензија и бубрежна слабост.

Во моментов на Одделот за интензивна нега на Инфективната клиника има шест лица кај кои се појавиле компликации од грипот. Еден од пациентите е на механичка вентилација.

-  Интензитетот на прегледи е ист, но по едно мало затишје во последнава недела има потешки случаи со компликации. Во моментов имаме околу 110 болни на Клиниката и поголем дел се болни од грип, истакна Демири.

Докторот апелираше луѓето со симптоми на грип да одат кај своите матични лекари кои имаат протоколи за лекување и знаат како треба да постапат во такви состојби. 

08.02.2014 - 13:54
Фото: 
Новини

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега