Тројца британски полицајци уапсени заради дистрибуција на порнографски фотографии

Тројца полицајци од лондонската Метрополотен полиција се уапсени,осомничени за поседување и дистрибуција на порнографски фотографии.

Полицајците и припаѓаат на специјалната единица која е задолжена за безбедноста на дипломатските мисии во британскиот главен град,како и за обезбедување на резиденцијата на британскиот премиер,во Даунинг стрит 10 и на седиштето на Скотланд Јард.

Во полициското соопштение се вели дека еден од уапсените е суспендиран од работата во полицијата,а другите двајца се деградирани,на многу пониски работни места. Полицијата извршила претрес во домовите на тројцата уапсени.

Еден од полицајците е поврзан со случајот „Плебсгејт“,за навредите што кон полицајците,пред гланиот влез во Даунинг стрит 10, ги изрече поранешниот министер Ендрју Мичел. Полицијата соопшти дека случајот со откриените порнографски слики не е е поврзан со случајот на екс министерот Мичел.

08.02.2014 - 13:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа