Железничка несреќа во Алпите- две лица загинати а десетина повредени

Најмалку две лица загинаа при излетувањето на  туристички воз од шини во близината на Сант Беноа во француските Алпи, јавува дописникот на МИА од Париз.

Несреќата се случила претпладнево околу 11 часот на железичката линија што ги поврзува Ница со Дињ-лес-Бан.

Во несреќата повредени се десетина лица. Причината за несреќата е најверојатно одрон на пругата. 

08.02.2014 - 13:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа