Се продаваат деловен простор и паркинг места во „Судска Палата“

Се продаваат деловен простор и паркинг места во катната гаража “Судска Палата“. 

Објавен е оглас за деловни простори на приземјето со сопствена гардероба и тоалет со почетна цена од 1400 евра/м2, како и за деловни простории на првиот кат организирани во два блока:

Блок 1 – со 3 канцеларии, со посебен коридор и 2 тоалети.
Блок 2 – со 5 канцеларии, со посебен коридор и 2 тоалети – со почетна цена од 1250 евра/м2.

Освен деловни простори, се продаваат и паркинг места под приземјето.

Продажбата на деловните простори и паркинг местата ќе се изврши по пат на јавно наддавање на 25.февруари 2014 година во 12 часот. На јавното наддавање можат да учествуваат сите домашни и странски физички и правни лица, доколку најдоцна до 19. февруари годинава уплатат гарантен депозит во висина од 20 отсто од почетната продажна цена на просторот за кој ќе се лицитира.

08.02.2014 - 13:00
Фото: 
А1Он

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа