Судијата од случајот „Ликвидација“ е пуштен на слобода

 

Основниот суд Скопје 1 му ја укина мерката притвор на велешкиот судија Иле Танев кој заработи казна затвор од 2,5 години во случајот „Ликвидација“. Апелацискиот суд го потврдил ова решение и ги прифатил понудените гаранции на судијата, пишува порталот Дума.

Мерката притвор неодамна му беше укината и на новинарот Томислав Кежаровски. Танев и Кежаровски ќе останат на слобода до правосилноста на пресудата, додека зад решетки остануваат поранешниот судија Валентин Зафиров и обвинителот Ивица Ефремов. 

Судијата Иле Танев како претседател на судечки совет во судот во Велес, за предметот наречен „Ореше“ донесе три пресуди. Тој два пати изрече осудителни пресуди за браќата Ѓоргиевски, а со третата пресуда тој ги ослободи од виновност, откако загрозениот сведок призна дека тој обвинувал бидејќи бил уценет. По кратко време, Танев беше приведен и во случајот „Ликвидација“  беше обвинет и осуден за земање поткуп и за злоупотреба на службена положба. ТОј заработи затворска казна од 2,6 години.

 

08.02.2014 - 12:44
Фото: 
Утрински

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега