Норвежанката Бјерген победничка во скијатлонот на ЗОИ

Триесет и тригодишната норвежанка Марит Бјерген е победничка на денешната трка во дисциплината Скијатлон за жени 7,5 км. класичен + 7,5 км. слободен стил.

Бјерген до златниот медал стигна со време 38.33,6. Ова за неа беше четврти златен медал од олимпијадите.

На денешната трка второто место го освои Шарлот Кала од Шведска со заостанување зад победничката од 1,8 секунди.

Сонародничката на победничката, Хајди Венг и донесе уште еден медал на Норвешка. Таа патеката долга 15 километри ја помина со вкупно време 38.46,8 и го обезбеди бронзениот медал. 

08.02.2014 - 12:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега