Уште девет лица ќе платат по 150 евра - полицијата и УЈП ги “демнат“ непослушните пушачи

Полицијата и УЈП синоќа спровеле акциска контрола за почитување на одредбите од Законот за пушење во пет угостителски објекти на подрачјето на Тетово, Мала Речица, Камењане и Синичане.

- При контролата биле забележани девет прекршувања на Законот за пушење од исто толку физички лица кои добиле покани за наплата на глоба. Од страна на УЈП биле констатирани и други видови пропусти и прекршоци кои ќе бидат соодветно санкционирани од нивна страна, вели Јосифовски, пренесува МИА.

Ова е четврта контрола во текот на изминатата недела во Тетовско-гостиварскиот регио. Целта на контролите кои ги спроведуваат УЈП и полицијата е да се спречи на непочитувањето и кршењето на Законот за пушење во затворен простор. Казните за ова изнесуваат 150 евра во денарска противвредност за физичко лице и од 2.000 до 4.500 илјади евра за правно лице.

08.02.2014 - 11:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега