Утре сите на вино во скопско Нерези

Граѓаните на населбата Нерези и оваа година традиционално ја организираат манифестацијата „Винаријада Нерези 2014“ на која се врши презентација на вино и гурмански специјалитети и каде се промовира сопственото производство.

-Целта на манифестацијата е да се придонесе кон поголема афирмација и промоција на виното, како препознатлив македонски производ , но истовремено да им се помогне на винарите, пред потенцијалните потрошувачи од Македонија, како на и здруженијата на сродни производители, објаснуваат граѓаните, организатори на манифестацијата. 

 

Манифестацијата е од културен карактер, а средствата кои ќе се соберат ќе се донираат за Црквата Св. Пантелејмон и семејствата од ранливите категории од населбата Нерези.

Манифестацијата ќе се одржи на 9. февруари од 12.30 до 17.00 часот во Атарот на Црквата Св. Пантелејмон во населба Нерези (последна автобуска станица на 57-ца).

 

08.02.2014 - 11:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега