На граѓаните им се врати довербата во Избирачкиот список

 

Претседателот на Државната изборна комисија, Никола Рилкоски смета дека активностите што се преземаат во однос на Избирачкиот список ја вратија довербата кај граѓаните.

- ДИК работи на тоа довербата кај граѓаните да се врати. Се организиравме чекајќи го датумот за изборите, активностите се веќе отпочнати. Што се однесува до избирачите од Пустец дали ќе се јават да гласаат на територијата на Република Македонија и ќе го искористат своето право како условно речено дијаспора, тоа во овој момент не можеме да го кажеме, изјави Рилкоски, одговарајќи на новинарско прашање по одбележувањето на СВетскиот ден на изборите.. 

Граѓаните ќе може да се потпишат за независните кандидати за претседател во сите 80 општински комисии. Сега потписи се собираат во 34 канцеларии.

- Најмалку ќе имаме во сите 80 општини канцеларии каде што ќе има собирање на потписите. Ќе ја покриеме целата територија на државата и граѓаните ќе имаат повеќе поволности за да се потпишат за своите кандидати, рече Рилкоски.  

ДИК ќе разменува искуства во Албанија за одбележувањето со видливо мастило на гласачите, што произлегува од измените и дополнувањата на Изборниот законик, најави потпретседателот на ДИК Субхи Јакупи. Јакупи зборуваше за новините што се воведуваат во изборниот процес и во работењето на ДИК како последица на измените и дополнувањата на Изборниот законик.

Според Виолета Дума, која зборуваше за членот 8 - а од Изборниот законик, во законикот треба да се регулира и заплашувањето на избирачите, како и делот за гласањето на дијаспората.

Извршниот директор на МОСТ Дарко Алексов, смета дека обидот да се стори изборна нерегуларност треба да биде казнив.

- Сметаме дека ова ќе биде крајниот чекор кон превенирање на притисоците и заплашувањето врз граѓаните, рече Алексов

Тој, како позитивен исчекор го споменува враќањето на довербата на граѓаните во Избирачкиот список.

- Конечно политичките партии добија малку поголема слобода на база на консензус, подетално и потемелно да го испитаат избирачкиот список и аналогно на тоа да постапат и да придонесат кон негово чистење, истакна Алексов.

08.02.2014 - 11:21
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега