Австралиската морнарица заплени 353 килограми хероин

Австралиската морнарица заплени и уништи 353 килограми хероин во акција спроведена во близина на брегот на Танзанија.

Оваа количина дрога на улица би достигнала вредност од 700 милиони австралиски долари.

Припадници на морнарицата откриле дрога при влегување на екипаж на брод во средата и ја заплениле во рамки на акцијата за борба против тероризам и промовирање мир и безбедност во поморскиот регион на Блискиот исток и Индискиот Океан.

08.02.2014 - 11:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа