Трагедија: Уште еден човек загина работејќи на стадионот за Мундијалот во Бразил

Уште една трагедија се случи на стадионот во изградба во бразилскиот град Манаус кој летово ќе биде домаќин на дел од натпреварите од Светското првенство.

Како што пренесуваат светските медиуми, 55 годишниот работник Мартинс загинал вчера додека демонтирал кран користен за поставување на кровниот дел на „Арена Амазон“.

Во декември минатата година, на истиот стадион настрада уште еден работник кој падна од кровот, а еден месец пред тоа уште двајца работници настрадаа на стадион во Сао Паоло кога се сруши кран.

Токму на стадионот во Сао Паоло на 12 јуни ќе биде отворен Мундијалот со натпреварот меѓу домаќинот Бразил и Хрватска. 

08.02.2014 - 10:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега