БиХ: Повеќе од 15 часа се гаснеа пожарите во владините згради- ако избие нов пожар нема со што да го изгасат

По вчерашните демонстрации во Сараево, на пожарникарите им беа потребни повеќе од 15 часа за да ги локализираат пожарите во зградите на Претседателствотона БиХ и Владата на кантонот Сараево. Со натчовечки напори и без адекватна опрема, 48 пожарникари успеаја да спасат она што можеше да се спаси.

Сите апарати за гаснење пожар на сараевските пожарникари утрово се празни, и доколку денеска избие пожар во Сараево, прашање е како ќе биде изгаснат и со кои средства.

Во Сараево утрово е мирно, по вчерашните жестоки судири меѓу демонстрантите и полицијата.

Според информации од сараевските болници, повредени се 156 луѓе меѓу кои 90 полицајци и 66 цивили. Протестите почнаа во средата во Тузла заради тешката економска и социјална состојба, а потоа се проширија и во други градови и прераснаа во насилни немири.

08.02.2014 - 10:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега