Лоша вест за Македонија - ништо од настапот на Антиќ на НБА „Ол Стар“ викендот

Македонија нема да може да се израдува на настапот на Перо Антиќ на „Ол Стар“ викендот, поради тоа што лекарскиот тим на Атланта не му дозволи на центарот да настапи на петочниот спектакл. Повреда на склочниот зглоб со која веќе центарот се мачи некое време оневозможи за прв пат Македонија да има свој човек на еден ваков настан. На местото на Антиќ доаѓа Мајк Пламли од Феникс. 

Антиќ беше избран како еден од најдобрите дебитанти кои требаше да бидат дел од петочната средба во која заедно со кошаркарите кои ја играат втората НБА сезона ќе бидат поделени во два тима кои ќе ги предводат легендарните Грент Хил и Крис Вебер. 

Поради повредата на скочниот зглоб Антиќ нема да биде во дел од тимот на Хил, а ова ќе му биде веќе втора недела како паузира поради фрактура на стапалото, поради која и не беше во можност да настапи на последните мечеви на својот тим Атланта Хоукс. 

08.02.2014 - 10:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега