Се налутила: Координаторката на жените на СДСМ Неготино премина во ВМРО-ДПМНЕ

 

Поранешната координаторка на клубот на жени на СДСМ при општинската организација во Неготино, Марина Димова преминала во ВМРО-ДПМНЕ, пишува „Дневник“.

Димова вели дека била исклучена од членството на СДСМ, бидејќи имала политички несогласувања со сегашниот претседател на СДСМ Неготино.

-Тој правеше континуиран обид со поддршката од неговата мала група на полтрони да ме замолчат во спротивставените политички ставови. Другата причина која сакам да ја наведам е непродуктивноста и бавењето со ситни дворски игри од страна на раководството на партијата на локално ниво а без трунка совест и грижа за сопственото членство. Сепак како интелектуалец сметам дека проблемот е и во суетноста, ароганцијата и постоечкиот затворен круг кој функционира на принципот на позиционирање на истите личности од редовите на партијата на општинско ниво и поставување на ѕид за останатите што е пракса долги години наназад. Ваквиот обид за предвремена политичка ликвидација не води ниту кон прогрес туку кон пропаст не само на локално ами и на централно ниво, вели Димова, пренесува Дневник.

Димова нагласува дека се чувствува способна да придонесе во сферите на општественото живеење и дека нема да дозволи некој политички да ја линчува, да ја ликвидира и предвреме да ја прати во пензија и да ја отстрани од политичко општествените збиднувања.

- За разлика од лошото искуство во Социјалдемократскиот Сојуз, басновидните приказни и лагите, моето пристапување во ВМРО-ДПМНЕ беше поздравено од целото локално раководство и поширокото членство а тоа го согледав преку срдечноста, отворената комуникација, подадената рака и почитта. ВМРО-ДПМНЕ е партија со докажани и видливи резултати, со вложен труд и прогрес. ВМРО-ДПМНЕ на чело со Никола Груевски е партија за народот, партија која ги застапува сите граѓани подеднакво и нивните права. Со сите досегашни спроведени активности и проекти се повеќе се докажува фактот дека со ВМРО-ДПМНЕ одиме кон подобра иднина за нас и за нашите поколенија, вели Димова.

08.02.2014 - 10:20
Фото: 
Дневник

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега