ОН ја измерија корумпираноста на Балканот - како стои Македонија?
Според најновите податоци со кои излегоа Обединетите нации, за стапката на корумпираност од земјите во Западен Балкан, произлегува дека секоја десетта фирма од испитаните 12.700 компании платила мито, пренесува Нова Македонија. Просечно во суми испаднува околу 880 евра, а по држави: Косово - 1.787 евра, Србија - 935 евра, Албанија - 904 евра, Црна Гора - 830 евра, Македонија - 689 евра, Хрватска - 395 евра, Босна и Херцеговина - 327 евра. Според истражувањето кое завршило на 31 отктомври минатата година, најголем товар на плаќањето во балкански рамки го поднеле градежништвото и транспортот со 45 и 44,3 отсто од вкупно даденото. Готовината била застапена во 35,7 проценти, 33,6 отсто во храна, а преостанатото во друг вид подароци и услуги.
Во Македонија пак просечната вредност на поткупот што го дава домашна компанија на државниот апарат е 689 евра. Половината се исплаќа во храна и во вино, а цариниците и катастарските работници се на врвот на листата според степенот на подмитливост. Најчест мотив за корупција е забрзување на работата, тврдат најновите статистички податоци на Обединетите нации за Македонија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа