Селена Гомез на рехабилитација поради нејзините емотивни проблеми

Тинејџерската пејачка Селена Гомез минатиот месец била сместена во една приватна болница поради нејзините емотивни проблеми побарала помош од психијатар.

“Селена беше 2 седмици во болница, но не поради проблеми со наркотици, туку поради нејзината моментална емотивна состојба“, изјавил нејзиниот менаџер.

Исто така менаџерот тврди дека нејзиното семејство е многу загрижано за нејзината емотивна состојба и се плашат дека овие трауми би можеле да имаат трајни последици.

07.02.2014 - 16:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа