Несреќа во Норвешка- двајца нуркачи загинаа а тројца се повредени

Двајца фински нуркачи загинаа, а тројца се повредени во несреќата што се случи на север од Норвешка, соопштија денеска официјални претставници на оваа земја.

Портпаролот на финското Министерство за надворешни работи изјави дека двајцата нуркачи се наоѓале во група од петмина фински нуркачи.

 

Несреќата се случила додека тие нуркале во една пештера на северот на Норвешка, околу 1.000 километри северно од Осло.

 

Повредените нуркачи со хеликоптер биле префрлени во најблиската болницa.

07.02.2014 - 16:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега