Кој е автомобилот на годината во Македонија?

 

За автомобил на годината во Македонија за 2014 е прогласен автомобилот Škoda Оctavia. За SUV на годината во Македонија, националното стручно жири го прогласи возилото Renault Captur.

Жирито составено од Томислав Биларац, Лупчо Михајловски, Владимир Ристовиќ, Горан Антевски, Агрон Сулејман, избираше меѓу финалистите Mazda3, Mercedes CLA,Mitsubishi Space Star, Peugeot 308, Peugeot 2008, Renault Captur, Škoda Octavia, Suzuki S-Cross и едногласно одлучи дека Шкода Октавиа е автомобил на годината.

 

Изборот автомобил на годината во Македонија се одржува по 19ти пат.

 

 

07.02.2014 - 14:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега