Меркел ја губи популарноста- не е повеќе на врвот на листата најпознати политичари

Резултатите од денеска објвената анкета на германската телевизиска станица АРД покажуваат дека  германската канцеларка Ангела Меркел за прв пат во изминатите две години не се наоѓа на врвот на листата најпопуларни политичари во земјата.

Според анкетата министерот за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер има поддршка од 70 проценти од граѓаните, еден отсто повеќе од Меркел.

Анкетата е спроведена на 3 и 4 февруари, а во неа учествувале 1.008 гласачи.

Резултатите од анкетата исто така покажаа дека антиевропската партија „Алтернатив фур Дојчланд“ ќе освои шест отсто од гласовите на претстојните избор за Европскиот парламент, закажани за 25 мај, што е значително над изборниот праг од три отсто, потребен за освојување на едно место во Парлментот.

07.02.2014 - 14:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа