ФБИ ќе отвара свои канцеларии во Србија

Српскиот премиер Ивица Дачиќ изјави дека со новиот директор Џејмс Ками на Федералното истражно биро (ФБИ) разговарал за добра соработка во областа на борбата против екстремизмот и тероризмот како и за можноста за отварање ФБИ канцеларии во Белград.

Уште еднаш констатиравме многу добра соработка меѓу ФБИ и српските агенции за спроведување на законот, пред се, со Министерството за внатрешни работи, изјави Дачиќ во Вашингтон, каде што присуствува на традиционалниот Молитвен појадок.

ФБИ во наредните шест месеци ќе го разгледа тој предлог, ако не, тогаш барем во Белград да испрати експерти за високотехнолошки криминал и борба против кибер тероризмот , додава  Дачиќ.

07.02.2014 - 14:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа