Коцијан: На активистите им беше забрането да ги спасат завеаните додека не дојде Вучиќ

На својот „Фејсбук“  профил на српската новинарка Јасминка Коцијан откри дека минатонеделната акција за спасување на завеаните кај Фекетиќ, била повеќе од срамна, бидејќи на активистите од Црвениот крст, им било забрането да ги спасуваат завеаните додека не дојде Александар Вучиќ.

Новинарката тврди дека првиот ден била на самото место и дека оваа непријатна ситуација за потпретседателот на српската влада Александар Вучиќ, била само можност за медиумска промоција.

“Наредија да седат во автомобилите до утро, додека не дојде Вучиќ тој прв да спаси некого и да биде снимен, а по завршувањето на снимањето им беше кажано да прават што сакаат понатаму”, напишала новинарката.

Но, и покрај тоа, според неа, волонтерите на Црвениот крст без согласност на Штабот сепак тргнале во акција и спасиле повеќе лица меѓу кои и дете со дијабетис.

07.02.2014 - 13:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега