Зошто не полета авионот на Претседателот Иванов?
Чуден звук во моторите е најверојатната причина поради која не полета владиниот авион со кој Претседателот Иванов требаше да отпатува во Сочи. Според информациите до кои дојде Press24, пиотите откако ги стартувале моторите слушнале чуде звук по што го откажале полетувањето и авионот го испратиле на вонреден технички прглед.
Претсеадтелот Иванов и неговата сопсруга повеќе од 1 час седеле во авионот во неизвесност дали ќе полетаат.
Откако се утврдило дека леталото не е подготвено веднаш да полета, на претседателот му било соопштено дека ќе мора д ја откаже денешната посета.
Од кабинетот на Иванов информираа дека тој сепак ќе ја продолжи најавената посета на Русија и утре, за Москва ќе летне со комерцијален лет.
Според информациите до кои дојде Press24 владиниот авион редовно бил одржуван и немал неикакви технички проблеми.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа