Белгиец “изгуби“ 40.000 евра на Табановце
Цариниците од граничниот премин Табановце, вчера спречиле Белгиец нелегално да внесе 40.000 евра.
Сппоред информациите од Царинската управа, вчера околу 15 часот попладне, за влез во Република Македонија се пријавил автобус со македонски регистарски ознаки, сопственост на македонска фирма - превозник, што сообраќал на линија Брисел-Скопје. Цариниците го прегледале автобусот и патниците и кај еден од нив нашле 50.000 евра, скриени во торбичка и во внатрешните џебови од палтото. СКако што информираат од Царината, станува збор за белгиски државјанин со иницијали Ф.А.
Согласно Законот за девизно работење, кој предвидува дека нерезиденти можат слободно да внесат девизни средства и чекови во висина од 10 илјади евра, а секој износ над овој треба да се пријави, Белгиецот сторил девизен прекршок. На белгискиот државјанин му биле вратени 10 илјади евра, додека останатите 40 илјади евра привремено се задржани.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа