Светот пишува за хемиската кастрација во Македонија

Светските медиуми објавија дека мaкедонското Собрание ги изгласа измените на кривичниот законик со кои се овозможува старт на хемиската кастрација на педофилите.

-Законодавците во понеделникот гласаа за да се донесат построги мерки за осудени педофили, а максималната казна е зголемена од 15 години затвор на доживотна затворска казна, а се наметнува и хемиска кастрација за сторителите кои го повториле делото, пренесува американската телевизија ABC news.

АВС пренесува дека е воведена минимална затворска казна за сексуални злосторници чии жртви се малолетници, додека за другите сексуални злосторства следуваат 3 до 10 години затворска казна.

Директорот на Меѓаши, Драги Змијанац вели дека со хемиската кастрација ќе се спречи сторителите да го повторат делото. Тој објасни дека Меѓаши предложило ослободените сторители да се опремат со електрични алки, но предлогот небил прифатен и не влезе во законот.

-Овој закон дозволува и помала затворска казна за оние педофили кои доброволно ќе се согласат на кастрацијата, при која се става инјекција која го намалува производството на тестостерон, пренесува АВС.

Змијанац истакнува дека околу 1.000 деца годишно се жртви на сексуална злоупотреба во Македонија, но дека само една четвртина од нив пријавиле во полиција.

-Најголем дел од жртвите не пријавуваат затоа што сторителите се членови на нивното семејство или пријатели, рече тој.

-Во 2010 година имало 90 пријавени случаи, во 2012 53, а само 43 лица го пријавиле овој ужасен чин во првите девет месеци на 2013 година. Министерството за труд и социјална политика изјави дека во 2013 година 23 лица биле осудени поради педофилија. Во јуни 2012 година Македонија лансираше онлајн регистер на педофили кои се ослободени од затвор, во кој има нивни слики, имиња и адреси, пренесува ABC News.

И австралискиот канал NineMSN пренесува дека македонските пратеници изгласалле закон со кој се воведува хемиска кастрација за педофили кои го повториле делото, а казната е зголемена на доживотен затвор.

-Диме Спасов, министерот за труд и социјална политика, изјави дека инјекцијата ќе се дава во специјализирани установи на секои шест месеци, а со неа се намалува либидото и сексуалната активност. Сторителите кои за првпат го направиле делото ќе се казнуваат со затворска казна од 15 до 40 години, а во замена за намалена казна ќе мора да подлегнат на хемиска кастрација. Русија, Данска и Полска се меѓу земјите во кои исто така е воведена хемиската кастрација. Во 2012 година Македонија стана прва земја на Балканот која објави онлајн регистер за осудени педофили, во кој има нивни слики, имиња и адреси. Од 2004 година над 230 лица од Македонија се осудени поради сексуална злоупотреба на малолетници, пренесува nineMSN.


Веста за законот ја пренесуваат и германските медиуми, потенцирајќи дека донесениот закон ги заострува мерките и казните на педофилите, кои освен од доживотен затвор сега треба да стравуваат и од хемиско кастрирање.

 

-Процедурата ќе биде изведена на начин така што на педофилите со инјекции ќе им се намали производот на тестостерон пишува “Welt”, и додава дека на педофилите кои своеволно ќе се пријават за кастрација ќе им се намали рокот за служење на затворска казна.Од организацијата за заштита на децата „Меѓаши„ изјавуваат дека сепак ова не е доволно и предлагаат да и сторотелите кои што се за прв пат осудени да бидат кастрирани со образложение дека според оваа организацијата на годишно ниво жртва на злоупотреба се околу 1.000 лица  и додаваат дека една четвтина од случаите не се ни пријавуваат од страна на жртвите, пренесува германски РТЛ.

07.02.2014 - 12:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа