Триесет дена притвор за синот на Ругова

Основниот суд во Приштина, пред полноќ му одреди мерка притвор во траење од по 30 дена на Ук Ругова, син на првиот косовски претседател, Ибрахим Ругова .

Триесет дневна мерка притвор им е одредена и на Флориан Петани, вработен во италијанската амбасада во Приштина и на Изет Беќири од Косовска Митровица.

На останатите шест лица им е одреден домашен притвор, додека на едно да се брани од слобода.

Флориан Петани, одговорен за визи во амбасадата на Италија во Приштина е државјанин на Албанија, но по бракот со Косовка добил и косовско државјанство и живеел во Косово Поле.

Сите беа уапсени пред два дена од страна на мисијата на ЕУЛЕКС, под обвинение купување и продажба на визи.

 

 

07.02.2014 - 12:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега