Соседот врти во странство, а вие плаќате - еве го уредот што може да ви го загорчи животот

Освен измамите кои ги “демнат“ корисниците на мобилните телефони, во Македонија се појавиле и се почести случаи на крадење на импулси. Само со еден уред наречен СИМ бокс, некој однадвор ќе може преку вашиот телефон да се јавува во странство.

 

- Секако дека и фирмите и операторите не се имуни на измами. Кај фирмите е проблем тоа што немаат само една линија, туку имаат многу повеќе, а нивните телефонски централи не се доволно заштитени. Затоа и ним им се случува да бидат жртва на измами, вели Владимир Ристевски, советник за анализа на пазари во Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), во интервју за „Нова Македонија“.

Од АЕК велат дека најчести пријави за измама стигнувале токму од операторите што се жртви на СИМ-бокс измамите. СИМ-боксовите се кутии што се поставуваат на тешко достапни места и служат за заобиколување на меѓународните повици и избирање броеви преку Интернет, користејќи фиксни броеви помеѓу две земји. На пример, наместо некој од земјава директно да повика број во Германија, тој преку СИМ-боксот ќе повика македонски број, кој потоа ќе го избере германскиот број.

Разговорите преку СИМ-боксот се многу поскапи од меѓународните, а операторите им ја наплаќаат штетата на корисниците на повиканиот македонски број.

 

07.02.2014 - 11:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега