Ваков оглас досега не сте виделе- чека ред наместо други за 10 евра

Италијанецот Џовани Кафари дошол до брилијантна идеја да заработи некое евро на интересен начин.

Имено, тој се занимава со професионално чекање, а за оваа услуга наплаќа 10 евра од час.

"Иако испратив повеќе од 500 резимеа, не се појави ниту една интересна понуда", објасни овој креативен човек, кој 12 години работел како маргетинг директор во фабрика за текстил.

"Еден ден, додека чекав на ред за да завршам некои од административните обврски, се сетив на оваа спасоносна идеја", додава Кафаро во интервјуто за весникот "La Stampa".

Тој сам се погрижил за својата маргетинг стратегија и поделил флаери низ улиците на Милано. За оваа услуга Џовани е на располагање од понеделник до недела, од утро до мрак, а за себе вели дека е сериозен, организиран, трпелив и љубезен професионалец.

По одредено време успешно работење, тој ја проширил својата дејност, и покрај чекањето на своите клиенти им нуди да пазарува наместо нив, да ги вози низ градот и да им пополнува формулари.

Од самиот почеток мојата работа почна да напредува, сега добива повеќе повици и тоа од разни краеви на земјата. Ме бараат во Специ, Римини, па дури и во Наполи, вели Кафари.

07.02.2014 - 11:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега